Јанко Бачев ги поднесе кандидатските листи

Јанко Бачев и неговата партија „Народно движење за Македонија" ги поднесоа кандидатските листи за изборите закажани за 5 јуни. Бачев ќе оди со кандидати за пратеници во сите шест изборни единици, а тој ќе ја предводи листата во првата изборна единица.

- „Време е да се стави крај на двопартискиот систем во Македонија. Мислам дека е созреано времето за трета опција во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повеќе од 20 години се менуваат на власт, а на држават не и оди. НДМ влегува во изборната трка согласно одлукат на партиските органи, дека изборите се единствен начин со домашна памет да се излезе од кризата, изјави Јанко Бачев, претседател на НДМ.

Рокот за поднесување кандидатури за партиите истекува на полноќ. До сега само СДСМ и ДУИ  излегоа со официјален став дека нема да учествуваат на изборите.

 
 
11.05.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега