Заев не е за фиксен, туку за условен датум за избори и и враќање на Договорот од Пржино

СДСМ не прифаќа избори на 5ти јуни ниту пак утврдување на каков било нов фиксен датум за изборно соочување. Лидерот на СДСМ од трибина на граѓанскиот сектор порача дека на разговорите кои во моментов се водат со меѓународните претставници СДСМ поддржува единствено утврдување на условен датум з аизбори.

- Фиксниот датум се покажа како грешка и не треба да има фиксен датум за избори. Но истовремено ако не се стави датум, тоа ќе значи редовни избори во 2018 година. Но дали сме спремни уште две години на топло-ладно. Треба да има условен датум. Што тоа значи? Ако условно кажано се одреди условен датум за избори во октомври, а ако на пример, некој од роковите за реформи се пробие за две недели, ќе треба да се одложат и изборите за две недели - појасни Заев.

Заев бара да се остане на Договорот од Пржино иако еден од клучните елементи- датумот за избори во два наврати беше прекршен од СДСМ. НЕ верува во целеисходноста на формирањето експертска или влада на национален спас.

Заев смета дека иако според него условите за избори не се исполнети, сепак кога би учествувале во трката СДСМ би излегле како победници а ВМРО ДПМНЕ не би ги признавало изборните резултати.

СДСМ и натаму инсистира на укинување на одлуката за аболиција како услов за продолжувањ ена преговорите.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски беше првиот кој побара укинување на одлуката з аболиција. Од кабинетот на Иванов повеќе пати информираа дека за можностите се консултираат со правни експерти.

До утре на полноќ партиите треба да достават кандидатски листи до Државната изборна комисија за учество на изборите на 5ти јуни. 

Собранискиот спикер ја оспори можноста за повторно свикување на парламентот со цел одложувањ ена датумот за избори. 

 
 
10.05.2016 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега