Втора проба – Калиопи моќно на сцената во Стокхолм

Македонската претставничка на Евросонг кој оваа година ќе се одржи во Стокхолм, Шведска, ја одржа втората проба во Глоуб Арената.

Калиопи на пробата настапи во креацијата која ќе ја носи на полуфиналната вечер, заедно со своите придружни вокали Маја Саздановска, Марија Наумовска, Калина Велковска и Јулија Карамитрова-Огненоска. Креацијата е на нејзината долгогодишна соработничка Розе Трајчевска.

Калиопи со „Дона“ настапува на втората полуфинална вечер, на 12 мај, осма по ред.

 
 
10.05.2016 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега