Вандализмот врз спомениците наидува на сé поголема осуда- реагираа децата бегалци (ВИДЕО)

Вандализмот врз споменици на македонската историја наидува на се поголема осуда од граѓаните и граѓанските здруженија.

Претставниците на протераните Македонци од Егејска Македонија велат ударот врз спомениците е удар врз единството на македонскиот народ и создава се’ поголеми поделби.

-Оваа глетка што ја гледаме овде, тука сум јас, ние децата овдека што сме, сите на овој симбол сме децата бегалци. Ова што го работи СДСМ е за срамота, зошто во СДСМ има и деца потомци од Егејскиот дел на Македонија кои нивните родители беа овдека, кои беа избркани од Егејскиот дел, распарачени низ Европа, изјави еден од претставниците.

-Не се растурајте, не се занесувајте, излезете на избори и покажете програма. Погледнете што се направи Македонија, можам да речам дека дури и светот и завидува на оваа убавина што се гради, во сите ресори вие направивте пустош…

-Сквернавењето на овие споменици, на нашата борба не е ништо друго освен негирање на нашата држава, негирање на нашето постоење. Овие странски платеници, наши и домашни, можат се да прават, но не можат да ни ја земат душата, совен ако сакаат физички да не ликвидираат….

Ваквата реакција доаѓа откако деновиве на мета на демонстрантите организирани од „Протестирам“, а поддржани од опозицијата беше и споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија. Од една страна се револтирани, а од друга страна жалат што со ваквиот чин се фрла црна дамка врз непрекинливата македонска борба за слобода и независност.

 
 
10.05.2016 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега