Пронајдена дрога во автобусот на Џастин Бибер

 

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер не престанува со своите скандали да ја изненадува публиката. Како што пренесуваат странските медиуми, шведската полиција во неговиот автобус пронашла мало количество на дрога, како и пиштол за електро - шок. 

Канадскиот пејач вчера во шведската престолнина одржал концерт, а неговиот автобус бил паркиран во самиот центар на градот. Откако еден од полицајците ја намирисал марихуаната, веднаш е направена контрола на автобусот, кој во тој момент бил празен. Засега никој не е приведен, додека пронајдената дрога (станува зброза помала количина) е однесена на анализа, за да се утврди нејзиниот состав. Деветнаесетгодишниот пејач во моментов е на турнеја низ Европа, а веќе утре ќе настапи во Финска. 

 

најчитано сега