Премиерот Груевски на отпочнувањето на изградбата на пат за населбата Сончев Град

 

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, ќе присуствува на отпочнување со изградба на регионален пат кој ќе ја поврзува новата населба Сончев град со општина Сопиште.

Патот ќе го гради турската компанија „Џеваир холдинг“ која е инвеститор и на висококатниците што се градат во скопската населба Аеродром.

Проектот Сончев Град предвидува преку 60 отсто од градбите во комплексот да бидат наменети за домување, од кои домувањето во индивидуални куќи учествува со 51 проценти, станбените згради со минимум 9, а категоријата групно домување со максимални 5 отсто.

Во урбанистичкиот план е зацртано преку 20 отсто од површината да биде зеленило и објекти за спорт и рекреација, како и меморијални простори. Во комплексот е планирано да се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи и училишта.

 

најчитано сега