Исчистено коритото на Вардар
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве завршија со чистење на коритото на реката Вардар.
Извршено е рачно чистење на нискостеблестата вегетација на косините од двете страни на минор коритото на локација од мостот кај „Холидеј Ин“, кај мостот „Мајка Тереза“ кај МАНУ, кај мостот кај Железничка станица, кај мостот „Тодор Александров“ до објектите на „Комунална хигиена“ (стационарот за кучиња) кај Вардариште од левата страна, односно до објектите на Фудбалска федерација на Македонија од десната страна.
Машинско чистење на наноси од земја, комунален отпад и вегетација е извршено во минор коритото на реката Вардар на локација од мостот „Тодор Александров“ до објектите на „Комунална хигиена“ (стационарот за кучиња) кај Вардариште од левата страна и до објектите на Фудбалска федерација на Македонија од десната страна.
ФОТО: Утрински