Земјотрес од 6 степени ја стресе Кина - 56 лица го загубија животот
Најмалку 56 лица загинаа, 412 се тешко повредени, а 14 се водат како исчезнати во земјотресот со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погодија северозападниот дел на Кина.
Властите во градот Дингси, во провинцијата Гансу, истакнаа дека повеќе од 21.000 згради се тешко оштетени, а над 1.200 се урнати.
- Жртви и повредени има во округот Мин и другите рурални делови на Гансу, изјави Танг Сиаоминг, градоначалникот на Дингси, град од 2,7 милиони жители.
Спасувачките екипи се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.
ФОТО: Нетпрес