Секта запалила живо бебе старо три дена

 

Во Чиле се уапсени четири лица, припадници на секта за која се верува дека при изведување на еден ритуал запалиле живо дете старо само три дена. Предводникот, сметал дека се ближи крајот на светот, а детето кое што било запалено било антихрист. Тоа било однесено на пристаништето Валпараисо, по што било фрлено во оган. Дури и неговата мајка го прифатила злочинот. 

„Дваесет и петгодишната Наталија Гуера е уапсена. Детето го пронајдовме целото јагленосано. Било голо додека го палеле само со превез околу устата. Било ставено на даска и потоа било фрлено во оганот“, изјавил Мигуел Гуера, претставник од полицијата во Чиле.

За сектата се верува дека била основана во 2005 година и броела 12 членови. 

ФОТО: 24 вести

 

најчитано сега