Времето повторно изненадува - што ќе се случува утре?

 

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. 

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се спушти околу девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре температурата ќе биде без поголеми промени, утринската од четири до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Од понеделник времето ќе биде постабилно и потопло со благ пораст на дневната температура. 

 
 
06.05.2016 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега