Изложба на резби и склуптури на Јовица Стојаковски

 

„Дверите на Јовица“ е насловена втората самостојна изложба на резби во дрво на Јовица Стојаковски која ќе биде отворена денеска во Музејот на Западна Македонија во Кичево. Честа за отварање на изложбата ќе ја има пратеникот Антонио Милошевски. Делата кои со години, со  љубов и голема посветеност биле работени ќе бидат претставени пред љубителите на уметноста. 

Јовица Стојаковски е слободен уметник, вљубеник во интимно-физичкиот допир со дрвото, поточно кажано вљубеник во дрвото. Неговте дела најчесто  се религиски сцени, портрети и фигури на светци клесани во дрво, најчесто орев, цреша како и костен. 

Изложбата ќе биде со почеток од 20:00 часот во Музејот на Западна Македонија во Кичево. 

 
 
06.05.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега