Метеоролозите носат лоши вести за викендот

Нема да „куртулиме“ од врнежи ниту за време на викендот. Попладневна локална нестабилност која ќе резултираа со повремен дожд и грмежи се очекува поизразена во сабота. Овие процеси повеќе ќе бидат застапени во западниот крај, како и во планинскиот дел од источниот регион. Има веројатност овие процеси краткотрајно и локално да имаат поинтензивен карактер.

Максималната вредност на дневната температура помеѓу 19°С и 22°С  се очекува во котлините во западниот и северниот крај, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 23°С.

Во недела наутро ќе има нешто повеќе сончеви периоди, односно помала облачност. Ова особено важи за источниот регион.

 

Попладне повторно очекуваме локална појава на дожд, повеќе во западниот регион, но овие врнежи ќе бидат послаби во однос на оние што ги очекуваме во сабота.
Недела во однос на сабота ќе биде потопла за околу 1°С.

 
 
06.05.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега