Трпевски: Мора да се заврши политичката криза за да не пати економијата

Ова е трета банкарска паника во Македонија, истакна поранешниот гувернер, Љубе Трпевски во отвореното студио на ТВ Нова.

trpevski

„Првата беше 1999 за време на бомбардирање на НАТО на поранешена Југославија, кога имаше голем бран на бегалци од Косово. Втората во 2001 година кога имаше внатрешен конфилкт. Ова е тратата паника, која веќе се надминува и е најблага. Преземените мерки се очекувани и се во одбрана на денарот како национална валута. За разлика од кризите во минатото, сега и Народната банка е многу поспремна и со добар кадар, а исто така и банките се многу поздрави, добро капитализирани и со висока ликвидност, па затоа нема потреба од паника. Во однос на сегашните случувања, изгубија само оние кои ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите, а добија банките“, рече тој.

Според него има доволно инструменти и мерки што и стојат на располагање на НБРМ да се одбрани од ваквите случаи и ситуации. Тој апелираше дека мора оваа полтичика криза да се реши, во спротивно сите тонеме и економијата ќе пати.

 
 
05.05.2016 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега