Во манастирот „Св. Димитрија“ во Велес почна прославата на Источен петок Балаклија

Православните христијани од Велес и околните населени места попладнево, вечерва и утре масовно одат во манастирот „Свети Димитрија“ каде како градска слава по традиција го прославуваат утрешниот празник Источен петок Балаклија, посветен на Пресвета Богородица.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Овој ден се прославува како слава на Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија” и околните цркви „Св. Петка” и „Св. Никола”, лоцирани на два до три километри од градот.

И оваа година, како и со години наназад, велешани масовно одат пеш до манастирот каде ги посетуваат трите христијански храмови и според христијанските обичаи палат свеќи за здравје.

По повод утрешниот празник Источен петок Балаклија, вечерва во манастирот „Св. Димитрија”, митрополитот повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската епархија одржа вечерна богослужба.

Манастирот „Св. Димитрија“ има интересна историја, бидејќи пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од Османлиите. Во 1820 година, откако на сон му се јавил на воденичарот Петар Здравев, со финансиска подршка од видните велешани повторно бил откопан.

 
 
05.05.2016 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега