Широк Сокак претесен за битолчани: ДА за избори, НЕ за деструкциите на СДСМ
Широк Сокак и денеска беше претесен за битолчани кои излегоа да дадат поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Граѓаните на Битола масовно се собраа да кажат ДА за избори и НЕ за деструкциите на СДСМ и Зоран Заев.

„За Македонија се работи“ порачаа илјадници граѓани на мирниот собир. Бараат одржување на избори на 5 јуни со цел излез од кризата и нормализирање на состојбата во Македонија.
Битолчани велат дека на мирен начин, без насилство и демократски преку избори може да се надмине кризата предизвикана од СДСМ.
05.05.2016 - 20:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа