Поповски: Против „јазлеста кожа“ ќе се вакцинираат 226.000 грла крупен добиток

Порачани се вкупно 250.000 вакцини против болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, а ќе се вакцинира целиот фонд крупен добиток или 226.000 грла, информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

goveda-580x330

Поповски кој заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и европратеничката Маријана Петир беше во посета на фарма во прилепско Мажучиште, повтори дека вакцините треба да стигнат за две недели, а ситуацијата со болеста е под контрола.

-Моментно има осум жаришта каде е детектирана болеста, но е локализирана и се знае дека е пренесена од Бугарија, истакна директорот и додаде дека на фармерите им е наложено да одржуваат високо ниво на хигиена.

За набавка на вакцините државата обезбеди еден милион евра.

 
 
05.05.2016 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега