Радовиш сплотен: Граѓаните бараат избори на 5-ти јуни и крај на кризата

Граѓаните на Радовиш вечерва со масовна поддршка на народниот собир во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

1radovis-gdom

Радовишани порачуваат дека изборите мора да се одржат на 5-ти јуни и дека само на тој начин ќе се стави крај на кризата наметната од СДСМ. Освен во Радовиш, големи народни собири во организација на ГДОМ вечерва има и во Градско, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен.

2radovis-gdom

-Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата. Избори се единственото начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија. Македонија е обединета во еден глас: ова не смее да продолжи. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има! На изборите Македонија ќе победи, велат од ГДОМ.

 

 
 
05.05.2016 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега