ПОТВРДЕНО: И Беса обзнани дека збореле за федерализација на државата со партнерот Зоран Заев

Претседателот на Беса, Биљал Касами во интервју за телевизија Алсат признава дека со Зоран Заев водел разговори и за редефинирање на Македонија.

zaev_albansko-zname

Како што вели неговиот партнер, Заев искажал подготвеност да разговара и на овие теми кои се на голема штета на македонскиот народ.

Водителката праша: „Господине Касами, Вие имавте средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Кој беше неговиот став на оваа средба околу редефинирањето и барањето на Беса“?

– Заев еднаш засекогаш сфатил една вистина дека Македонија не може да биде држава која може да создаде механизми каде Албанците ги држи далеку од институциите, да создаде делумна правда, да создаде институции кои ќе бидат само за Македонците, а не и за Албанците бидејќи Македонија е во ситуација каде овие институционални механизми кои се создадени да ги држат Албанците ја голтаат државата и им се враќаат како бумеранг на Македонците, рече тој.

lider-besa

Водителката потоа го праша дали на средбата со Заев имало ветување за редефинирање и исполнување на барањата на Беса, а лидерот на ова движење одговори „Се разбира дека има подготвеност да се дискутира за сите отворени прашања“.

Пазарот на Заев е многу јасен и тој тоа го најави уште во 2008 година кога јавно порача дека државата мора да ја „свитка кичмата“ за да постигне решение за името. Последниот скандал е што на отворена сцена се гледа како Заев договарал федерализација на Македонија, а во игра е промена на знамето, на името, на химната на државата и создавање на дводомен парламент, при што претседател на државата да биде Албанец по систем на ротиција. Овие барања ги испорача албанската дијаспора на Македонија (АДМ) преку нејзиниот претседател Муса Љамалари – Тим Шкупи, со кого Заев пред две недели, на 13 април, имаше средба во седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“.

По средбата СДСМ излезе со штуро соопштение, без многу детали.

– Од страна на претставниците на АДМ е пренесена поддршка за проектот „Вистината за Македонија“ што го разоткри вистинското лице на власта и наоѓа своја потврда во отворените истраги од страна на СЈО против високи функционери во власта, пренесува СДСМ.

Од друга страна, за суштината на разговорите на посебна прес-конференција зборуваше Љамалари. Тој изјави веднаш по средбата со Заев дека нивна најголема заложба е федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале и договарале со Заев. Истовремено потенцира дека по средбата, во координација со СДСМ, Албанците и нивните партии започнале да излегуваат на протести, што и се потврди со протестите на радикалното исламско движење Беса и ветераните на УЧК, кои маршираа низ Скопје со албански знамиња. Ова најдобро потврдува дека е паднат некаков договор Заев – Љамалари, чијашто главна цел е федерализација.

Не за џабе Заев е меѓу омилените политичари во грчката политика, но и најпосакуван партнер за преговори за името. Елефтеротипија, Товима, Екатимерини, како и грчките националистички идеолози како Докос, со години го поддржуваат Заев и во неговата попустливост за изнаоѓање на решение за името кое би било на штета на државата.

 
 
29.04.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега