„Журнал“: Холивудските сценарија и спектакли на СЈО почнаа да резултираат со жртви

Холивудските сценарија и спектакли на Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева почнаа да резултираат со жртви, пишува порталот Журнал.нет. Универзитетскиот професот Оливер Андонов вели дека самоубиството на Коста Крпач оди на душа на СЈО, поставувајќи го прашање ако Крпач бил сведок како што тврди СЈО, тогаш зошто го претресувале неговиот дом?

sjo2rucek

Основниот суд Скопје 1 денес потврди дека на барање на Специјалното јавно обвинителство бил извршен претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач. Соопштението до Судот е само потврда дека врз Крпач бил вршен притисок и тортура.

-На почетокот на месец април 2016 година од страна на Судија на претходна постапка организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, Судија на претходна постапка организиран криминал и корпуција има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Р.М. од две фирми ( меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува К.К. ) за кој настан во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер на Р.М. е под опсада“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Притисокот кој Крпач го има бил и дел од активноста на Специјалното јавно обвинителство во Централниот регистар, која и претходно беше осудена и опишана како холивудско филмско сценарио.

-Воедно, Основниот суд Скопје 1  – Скопје нема да ја коментира вчерашната акција на СЈО и нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО, стои меѓу другото во соопштението до медиумите на ОСС1, а во врска со активностите на СЈО спроведени во Централниот регистар.

Универзитетскиот професор Оливер Андонов е револтиран од однесувањето на специјалното јавно обвинителство во случајот со самоубиството на Коста Крпач. Тој смета дека СЈО е виновно за неговата смрт поради тортурата на која бил изложен од страна на СЈО.

– Самоубиството на Крпач оди на душа на СЈО и на Катица Јанева, и тие еден ден треба да дадат одговор за она што го сториле. Не се сите луѓе психички подготвени да издржат таква тортура и најверојатно во моменти на тешко растројство го извршил самоубиството. СЈО повикува на распит луѓе кои немаат никаква кривична одговорност и се користи со методи од типот „признај или не ти гинат пет години затвор“. Ако бил сведок, како што тврди СЈО, зошто тогаш се вршеле претреси во неговиот дом – вели Андонов за Телеграф.мк.

Претходно, професорот во својата колумна истакна дека во СЈО тргнуваат од замислена дека некој направил некаков криминал, а истовремено забораваат на уставната категорија на пресумцијата на невиност и најчесто таа фикција е идентична со тврдењата на Заев на неговите прес-конференции кога ги објавуваше бомбите, и подоцна најавувајќи ги активностите на СЈО, притоа однапред знаејќи го крајниот исход.

-Потоа, почнуваат притисок кон сите соработници на таргетот, партнери или на кој било начин лица кои биле околу него, да го потврдат она што тие го наумиле. Всушност, во недостиг на цврсти материјални докази тоа се остварува преку закана и втерување страв, со крајна цел да принудат некој да се согласи лажно да сведочи против оној што е крајната политичка цел на СЈО. Доколку сведокот од прв пат не прифати да го потпише тоа што тие ќе го бараат од него, најчесто излегува преплашен, на излегување му кажуваат дека тој не им е целта, туку го посочуваат лицето што им е цел, и уште еднаш го предупредуваат дека може многу лесно да се извлече доколку даде изјава која му ја наметнуваат тие и го потпише тоа што од него го бараат, вели Андонов.

Анкетата поврзани со рејтингот на СЈО покажуваат дека граѓаните немаат доверба во оваа вештачки создадена институција. Повеќе од половина од испитаниците во анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“, односно дури 60.1%, сметаат дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странски фактори со цел да му наштети на ВМРО-ДПМНЕ. Слични резултати покажа и истражувањето на реномираниот институт БРИМА ГАЛУП.

Резултатите од анкетата на БРИМА покажуваат дека дури 50% од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева, за разлика од 32,4% кои го мислат спротивното. Огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ.

 
 
28.04.2016 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега