Перо Пандилоски и ГАКУД Браќа Ѓиноски ја преполнија салата во Гостивар на традиционалниот Велигденски концерт

Во Домот на Култура во Гостивар денеска во преполна сала се одржа традиционалниот Велигденски концерт на Гостиварското градското културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“.

gostivar1

Најстарото културно уметничко друштво и оваа година пред гостиварската публика изведе дел од својот репертоар на традиционални македонски ора и песни.

gostivar

На велигденскиот концерт настапи и пејачот Перо Пандилоски кој е член на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ веќе 6 години и како што вели, за него претставува огромна чест да ги пее традиционалните староградски македонски песни.

gostivar2

Културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ годинава ќе прослави 66 години постоење, период во кој континуирано се негува македонскиот фолклор и староградската песна.

 
 
28.04.2016 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега