По 18 години селење, доделен стан на семејството Ѓурови од Охрид

По осумнаесет годишно живеење под кирија, во трошна куќа, семејството Ѓурови денеска добија на користење стан од четириесет и два метра квадратни, кој им го додели Комисијата за станбени прашања при Владата на Република Македонија.

Петочленото семејство Ѓурови 18 години немале постојан кров над главата и како што велат, со оглед на нивните финансиски примања, без помош на надлежните тоа и понатаму би било невозможно да се оствари.

-Имам три малолетни деца, а 18 години живееме под кирија. Еве благодарение на комисијата и надлежните конечно добивме социјален стан. Чувството да се добие стан и тоа пред велигденските празници е прекрасно, ни дојде како подарок. Кога го добивме решението бевме пресреќни, затоа што дојде денот кога и ние ќе го решиме станбеното прашање, изјавил Зоран Ѓуров.

Грозданов потенцира дека доделувањето на овој стан е резултат на бројните контакти со граѓаните, преку кои имале можност да се запознаат со нивните проблеми и барања за што поскоро решавање.

– Заложбите мои, како менаџер, се во Охрид како најголем туристички центар да не оставиме ниту едно семејство, ниту еден човек без покрив над глава и нормален живот. Ние ќе продолжиме и понатака несебично да работиме на изнаоѓање на решенија за справување и решавање на останатите барања на граѓаните кои го немаат решено станбениот проблем, рече директорот на Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

Според договорот за закуп, како и останатите корисници на државни станови, семејството Ѓурови ќе треба да се грижи за станот и да ги исполнува обврските кон агенцијата, согласно наведеното во договорот.

 
 
28.04.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега