Во Македонска Каменица обележана годишнината од масакрот кај Вејце

Македонска Каменица денеска му оддаде почит на бранителот Миле Јаневски-Џингар кој заедно со уште седум припадници на единицата Волци и на МВР во 2001 година на денешен ден беа масакрирани кај Вејце.

Пред спомен-обележјата на Јаневски, се поклонија и положија цвеќе членовите на семејството Јаневски, неговите пријатели, колегите од едницата Волци, претставници од општина Македонска Каменица и од институции и здруженија на граѓани.

Воедно, денеска својот патрон го одбележува и каменичката гимназија која со формирањето од пред 7 години, го носи името на бранителот Јаневски.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, истакна дека градот никогаш нема да го заборави Јаневски.

- Во изминатите години општината го чествува името на Миле Јаневски- Џингар. Малите општини немаат секогаш можност да имаат големи херои, но ние како општина го имаме Миле Јаневски-Џингар. Во негова чест СОУ од нашиот град го носи неговото име, исто така и една улица во градот, организираме меморијален турнир на овој ден во негова чест, а изминатиов период поставивме и три бисти со ликот на Јаневски. Можам да кажам дека во секојдневното живееење, името на Миле Јаневски- Џингар е живо и е длабоо врежано во сите нас, рече Митевски.

По повод денешниот ден, единицата Волци пред каменичани одржаа тактичко-показна вежба, а имаше и презентација на оружјето и опремата на Волците.

 
 
28.04.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега