Подарени 30.000 книги во рамките на Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце“ во Илинден

Општина Илинден, успешно ја реализираше Јубилејната 10-та по ред традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”, што се одржа во Домот на култура „Илинден“, при што се обезбедени 3.000 нови книги за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.

На оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, годинава учествуваа голем број на граѓани, преставници од бизнис секторот, издавачки куќи, научни институции и факултети, ученици кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден.

Во чест на Двеилјадиишеснаесеттото лето Господово, симболично беа украсени 2016 црвени Велигденски јајца, па секој посетител на 10-та Јубилејна манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце.

????????????????????????????????????

И годинава со своето присуство манифестацијата ја збогатија повеќемина познати македонски писатели, со што продолжи успешната соработка на Општина Илинден со Друштвото на писателите на Македонија. Писателите го искристија престојот во Општина Илинден да ја посетат и Општинската библиотека Илинден, во која поголемиот дел од книгите се обезбедени со оваа манифестација.

????????????????????????????????????

Во изминатите 10 години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” подарени се вкупно 30.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.  Општина Илинден им искажува искрена благодарност на сите досегашни учесници во манифестацијата, кои што подарија книги, на преставниците од бизнис заедницата, на издавачките куќи, на научните институции и факултети, и се разбира на учениците и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд, со што дадоа голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

Оние што имаа желба, а не беа во можност да учествуваат во манифестацијата тоа можат да го сторат во било кое време, бидејќи акцијата трае преку целата година.

Podarete kniga za Veligdensko jajce 2016 (2)

 
 
28.04.2016 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега