Нема зарзани заболувања кај мигрантите во Гевгелија

Подрачната епидемиолошка служба при Општата болница во Гевгелија денеска изврши редовен увид на моментната здравствена и хигиенска состојба во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија во кој има 107 мигранти од Сирија и Авганистан кои до затворањето на „Балканската рута“ не упеаја да отпатуваат од Македонија.

Епидемиолозите констатираа дека ангажираните служби на време го исфрлаат сметот од кампот и оти хигиената редовно и континуирано се одржува поради што се држи на задоволително високо ниво.

Во сите објекти во гевгелискиот камп денеска беше извршена и редовна дезинфекција.

Епидемиолозите потврдија дека во кампот нема заразни заболувања, но дека не раполагаат со информации дали нема и од другата страна на граничната ограда, во дивиот камп кај Идомени, каде според слободна проценка се уште има десетина илјади мигранти.

 
 
28.04.2016 - 15:42
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега