Се помолила на чудотворната икона во Трубарево - по 10 години маки оздравела

 

Мироточивата икона во црквата "Свети Ѓорѓија Победоносец" почна да прави чуда! Ова за Вечер го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека благодатот од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна скопјанка, на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете.

- Можеби звучи неверојатно, но една верничка која слушнала за мироточењето на иконата во нашата црква, дојде, се помоли пред иконата, потоа ме праша дали имаме крстена вода. Јас и го покажав садот, си пушти од водата и ме праша: отец, водата е газирана!? Јас и одговорив дека само е светена вода и толку...Но, истата верничка, следниот ден повторно дојде во нашата црква, се заблагодари пред иконата и ме прегрна мене и одборниците. Рече: „Оче, верувале или не, болката во нозете која ја имам цела деценија и која ми го отежнуваше движењето, ми помина". И еве оттогаш има повеќе од две недели, неколку пати доаѓа, раскажа отец Бобан за Вечер.

Чудото, за оној кој верува не е толку потребно. Чудата кои Бог на директен или индиректен начин секојдневно ни ги праќа, служат за нас кои веруваме уште повеќе да ја засилиме верата во него, тие се духовна радост. И за оние кои се скептични и се сомневаат, што за жал е дел од човековата природа која живее без Бога, ваквите чуда се доказ дека Бог навистина постои. Сами гледате какви коментари има на социјалните мрежи, додава отецот.

На иконата се уште има траги од мирото, а ако се допре со челото, навистина има специфичен мирис.

- Чудо е, навистина. Кога тргнав кон иконата како да одев по латици, а кога застанав простум ... не знам, чувството е преубаво, неописливо. Треба да сме среќни што Бог се уште не удостојува со чуда, во ова време на живот во грев. Сега се чувствувам дека имам енергија за да го прегрнам цел свет. Господ на помош да е на сите! - вели Катерина Грозданова за Вечер.

Мироточењето на иконата беше забележено на 10. овој месец на неделната литургија кога присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена.

На стеблото на столетната црница, која се наоѓа во дворот на левата страна од влезот во црквата „Свети Георгиј Победоносец" во Трубарево, деновиве се појавила и силуета која верниците ги потсетува на пресвета Богородица.

- Стеблото едноставно распука и деновиве, кога излегував од црквата, погледот просто ми го привлече силуетата. Ја прашав и сестра ми, потоа и комшивката на што и личи, и двете ми потврдија дека тоа е силуетата на мајката Божја, рекла една од верничките кои го чистеле храмот. 

Таа додала дека вербата во Бога е најважна. 

 
 
28.04.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега