Со првото јајце на дечињата им се прави „Црвено-бело“ - еве што значи секоја боја

Велики Четврток — ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е шестти ден од Страсната Седмица, односно пет дена по Лазаровата Сабота и четири по Цветници. А споредзападното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни,Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува!

Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини, а еве кои се значењата на боите на велигденските јајца:

  • Црна – вечност
  • Жолта – светло, среќа
  • Црвена – божествена љубов, надеж
  • Кафена – среќа
  • Бела – чистота, невиност
  • Портокалова – издржливост и сила
  • Зелена – раст
  • Виолетова – надеж и вистина
  • Сина – здравје.
 
 
28.04.2016 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега