Македонските патници не се во животна опасност
Претставник на агенцијата „Тото“ со чија редовна автобуска линија вчера 28 патници од Македонија се упатија за Прага, во телефонски разговор за Плусинфо објасни дека ниту еден од патниците што биле во автобусот кој излета од патот кај градот Ѓер не е во тешка и критична состојба.
Инаку, несреќата се случила во текот на ноќта на околу 50 километри пред Будимпешта во близина на г.Гор. Автобусот сообраќал на релација Скопје- Прага. Повредени се 28 лица.