Прекината дезинсекцијата против комарци во Скопје
Градот Скопје ги информира граѓаните дека најавената авионска и терестрична дезинсекција против комарци (од 23.04.2016 до 28.04.2016 година) е прекината.
Ваква одлука е донесена заради влошување на временската состојба.
Кога временските услови ќе бидат поволни и ќе може да се реализација дезинсекцијата, граѓаните ќе бидат дополнително известени, велат од град Скопје.
27.04.2016 - 10:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа