Неноски: Нема простор за паника, фундаментите на макроекономската политика се зацементирани

Се случуваат некакви оркестрирани напади на стабилноста на банкарскиот систем и стабилноста на финансискиот систем. Ние имавме вакви странични, би рекол подмолни удари за да се наруши она што е најздравото во Македонија, а тоа е финансискиот систем, изјави за ТВ Нова професор Томе Неноски.

tome nenoski

-Сетете се на 2009-та година кога беа претседателските избори, ние имавме еден силен удар на девизниот пазар, мислам беа преку 300 милиони евра купени во неколку дена со силен притисок врз стабилноста на девизниот курс на денарот со намера тој да девалвира, меѓутоа со интервенции на централната банка тоа се санираше. Има некои некакви интереси, би рекол подмолни, за да се наруши таа стабилност. Еве и сега ни се случува и со дезинформации во однос на кредитните аранжмани на Република Македонија со Светска банка, нешто што е нормално, што се случува во минатото во континуитет. Да се вратиме наназад уште во 90-тите години кога еве и јас бев активен учесник во преговорите со светските финансиски организации, најчесто се велеше кога ќе дојде време на избори треба да се воздржиме да не зафаќаме нечија страна, истото со светска банка овој случај, вели Неноски.

Според него, постојат уште неколку примери, слични на овие кога во 2001, 2009, па во 2013 година. А целта тогаш, како и сега е удар на економијата со последици кои можат да бидат несогледиви.

-Заради некои настани кому некого одговараат да се врши шпекулативен удар врз стабилноста на девизниот курс на денарот, целта е непријатна, неблагодарна, удар на економијата со последици кои можат да бидат несогледиви. Во овој период е актуелен менувачкиот курс кој гувернерот убаво го објасни, јас не би одел понатаму. Овие денови можеби таа навалица по менувачниците е резултат на претстојните велигденски празници, имаме четири дена споени празници, луѓето ќе видиме што ќе се случи на градници на пладне во четврток. Ќе ги има многу што ќе одат преку граници, па им требаат девизи за да купуваат нешто што ќе им треба да плаќаат таму, изјави Неноски.

Тој смета дека нема место за паника бидејќи фундаментите на макроекономската политика толку се зацементирани што едноставно ни силен земјотрес од 9 степени не може да ги сруши.

Неновси во однос на политичката криза во дебатата на ТВ Нова појаснува дека доколку политичката криза потрае, новите вработувања ќе бидат ставени во некаква неизвесна ситуација, платите можеби ќе се задржат, но сепак крајните негативни ефекти ќе ги трпи граѓанството на Република Македонија

-Ако продолжи политичката криза, производствени погони ќе дејствуваат со таква кризна динамика. Ако имаме позитивна деловна клима тоа би значело дека ќе имаме развој на економијата, нови погони, претпријатијата ќе живнуваат, ќе отвораат нови работни место, нови погони. Тие ќе плаќаат придонеси и други давачки што го полнат буџетот и во крајна линија сето тоа има краен ефект врз подобрување за стандардот на населението, зголемена потрошувачка, изјави Неноски.

 
 
26.04.2016 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега