Хашим Тачи пресмета: Во Македонија живеат 35% Албанци
Косовскиот премиер Хашим Тачи ја направил математиката. Во интервју за бугарките медиуми, како од ракав извади бројка од 35% Албанци кои живеат во Македонија
„Постојано посочуваме Албанците да бидат дел од институциите и дел од демократскиот живот. Сакам да подвлечам дека 3 проценти Срби кои живеат на Косово имаат повеќе права од 35 проценти Албанци кои живеат во Македонија. Во таа насока сметам дека албанските лидери и македонските власти во Скопје треба да разговараат и да го применат Охридскиот рамковен договор“ изјавил Хашим Тачи во интервју за Бугарското национално радио за време на посетата на косовскиот премиер на Софија
Ако се има предвид дека последниот попис беше неуспешен, а во земјава дискутабилна е и бројката од 20% останува нејасно, како Хашим Тачи пресметал дека секој 3 граѓанин на Македонија е Албанец