Одржан уште еден состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција

 

 

Во Скопје вчера се одржа уште една рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Република Македонија, врз основа на договорот постигнат од страна на двата министри за надворешни работи на 24 јуни 2015 година, во македонскиот главен град.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите се одвивале во пријателска и конструктивна атмосфера.

- Темите за кои се разговараше вклучуваа соработка меѓу двете министерства, билатералниот дијалог за прашања поврзани со поврзаност/енергија, миграција, соработка во рамките на ИПА 2 и Програмите ТАИЕКС, економија, здравство, култура, јавна администрација, образование и цивилна заштита, стои во соопштението на грчкото МНР.

На средбата бил потпишан и Меморандум за разбирање меѓу унивезитетите „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Универзитетот од Пиреја.

Следната рунда разговори за мерките за градење доверба ќе се одржи во јуни во Атина.

 
 
26.04.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега