ГДОМ: Не за вандалското уништување на македонската непобитност

 

Граѓанското движење за одбрана на Македонија-ГДОМ вечерва од Битола јавно кажа „не“ за вандалското уништување на македонската непобитност.

Според Сашко Савевски, музичар и граѓански активист, не може и нема да се дозволи уништување на македонската историја и култура.

- Јавно истакнуваме - „не“ за вандалското уништување на македонската непобитност, „не“ на вандалското сквернавење на македонските споменици, на македонската историја и култура. Велат дека демократијата не е совршена, рече Савевски.

Светот, како што рече, не познава посовршено и подобро општество од демократското.

- Сите проблеми може да се решат само на избори, посочи претставикот на ГДОМ во Битола.

Протестниот марш се одвиваше од споменикот на Стив Наумов до споменикот на Филип Втори на Широк Сокак во Битола

 
 
25.04.2016 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа