ВИДЕО: Градежната офанзива во Скопје продолжува- капитални проекти во сите 10 општини

 

Започнаа градежните работи за темелна обнова на булеварот Ѓорче Петров. Реконструкцијата која ќе се изврши во должина од 1245 метри, ќе започне од кружниот тек кај СП Планет, па се до општината Ѓорче Петров.

На почетокот на градежните работи на овој проект вреден 18,6 милиони денари, присуствуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, градоначалниците на Град Скопје и општината Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митревски.

Се очекува преку оваа темелна реконструкција да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се уреди просторот.

Градежната офанзива во Скопје ќе продолжи и во идниот период. Во сите 10 скопски општини ќе има барем по два капитални проекти.

 

 

 

 
 
25.04.2016 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега