Доаѓа студено време: БЕГ најави дека утре ќе го пушти парното

 

Иако грејната сезона официјално заврши на 15 април, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) утре ќе пушти парно за своите корисници.

– Од производство во БЕГ имаат терк по кој пресметуваат кога треба да пуштаат парно, така што и законски се обврзани утре да пуштат – велат од компанијата.

На веб-страницата на „Балкан енерџи груп“ стои известување дека топланите до 30 април ќе останат подготвени заради евентуален рестарт, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи и доколку Регулаторна комисија за енергетика по таа основа донесе одлука за испорака на топлинска енергија.

 
 
25.04.2016 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега