Временска прогноза: Овие вести нема да ви се допаднат

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне. Кон крајот на денот врнежите на планините ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.

Температурата ќе достигне до 18 степени.

Во вторник ќе биде посвежо, претпладне со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

 

 
 
25.04.2016 - 08:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега