Ким Кардашијан заработува 10.000 долари на час

Ким Кардашиан  е повторно во центарот на вниманието поради нејзините голи фотографии. Се разбира тоа неа воопшто не ја нервира, бидејќи таа заработува скоро 10.000 долари на час.

-Извинете што доцнам на забавата. Бев зафатена со заработување на 80 милиони на игри и префрлање на 53 милиони на нашата заедничка сметка- им порача Ким на хејтерите.

Што и да се зборува и мисли за семејството Кардашиан факт е дека сите нејзини членови, па и Ким , имаат познавања за бизнис.

Се работи за заработка на 6.666.666 долари месечно, што во превод значи 1.666.666 долари неделно, или 235.095 долари дневно, или 9.920 долари на час или 165 долари во минута.

А заработуваат на се. Семејно шоу, мобилни игри, линија облека, парфеми.

 
 
24.04.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега