Падна познат скопски „џепарош“

- СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинитетлство-Скопје го предаде лицето И.А.(42)  од Скопје поради основано сомнение дека на 16. овој месец на бул.„Гоце Делчев“ на автобуската постојка пред ТЦ „Мавровка“ извршил  „џепна кражба“. 

Пријавениот И.А., соопшти денсека МВР, околу 12,15 часот на бул.„Гоце Делчев“, поточно  на автобуска постојка пред Т.Ц. Мавровка, додека оштетениот Р.М. од село Бојане се качувал во автобус бр. 56, со протнување рака во неговиот заден десен џеб од фармерките му го одзел паричникот. Меѓутоа бил забележан од оштетениот по што настанала турканица во обид оштетениот да си го поврати новчаникот. Пријавениот И.А. одземениот новчаник го скрил  во неговата кошула што ја носел префрлена преку левата рака.

Тој е фатен и приведен во ПС ОН „Бит Пазар“ каде  е извршен службен разговор. Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот И.А. се одземени еден машки новчаник кафеава боја, 400 денари,  лична карта, возачка дозвола, италијанска дозвола за престој сите на име на оштетениот, и друга лична карта  и истите со потврда за вратени предмети се вратени на оштетениот Р.М.

Со наредба од Истражен судија за вршење на претрес на дом и други простории, извршен  е претрес во домот на пријавениот И.А., при што од извршениот претрес не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Лицето И.А. минува во крим евиденциите на СВР Скопје  за извршени  повеќе кривични  дела „кражби“,  при што му се изречени парични казни  како и  казни - затвор

најчитано сега