Малолетници од домот 25 мај правеле пустош по продавници во Скопје


СВР-Скопје, до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје поднесе Посебен извештај против малолетните А.В.(15) и уште едно четиринаесетгодишно лице инаку двајцата  штитеници на домот „25-Мај“ од Скопје поради постоење основано сомневање дека извршиле вкупно 19 кривични дела.

Во временскиот период од 25.12.2012 година до 31.05. оваа година, соопшти МВР, тие  извршиле 18 „тешки кражба“ и едно кривично дело „кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 70.000 денари.

Пријавените малолетни лица, со намера за себе да прибават противправна имотна корист серијата од вкупно 18 тешки кражби од кои десет на територија од општина Кисела Вода, четири во општина Центар, две во општина Гази Баба и по едно во општините  Аеродром и Бит Пазар, ги извршиле во 11 колонијални продавници, потоа шест тешки кражби на велосипеди и една тешка кражба во стан. Најчесто со кршење на изложното стакло од продавниците, со употреба на сила и подесен алат делувале во долниот дел на вратата од колонијалот при што го виткале лимот и правеле отвор од каде што влегувале. Во два случаи со прекачување на покривот од колонијалот каде со употреба на сила и подесен алат ја исекле церадата преку која влегувале, при што одземале разни штеки цигари, пари, пакети масло за јадење, супи, чоколади и други прехрамбени производи.

Тешките кражби на велосипеди, пак, ги извршиле на тој начин што со погоден предмет ги кинеле сајлите со кои биле врзани велосипедите. Тешката кражба од стан ја извршиле со прекачување преку полуотворен прозорец од купатилото од каде што од масата во кујната пронашле и одзеле еден мобилен телефон кој подоцна го продале за 1.000 денари, а парите ги потрошиле за свои потреби. Кражбата е извршена на подрачје на општина Кисела Вода, и тоа во згодна прилика при што од терасата пронашле и одзеле еден пар патики.

Инаку, одземените штеки разноврсни цигари, дел ги користеле за свои потреби, а дел ги продавале на „Зелен пазар“ на случајни минувачи, додека пак на одземените велосипеди на дел од нив им ги демонтирале тркалата, а дел ги продавале цели на пазарот за стари работи под Кале, а еден од нив малолетникот А.В. го користел за свои лични потреби при што од страна на полициски службеници бил забележан како се вози со украдениот велосипед по што бил доведен во станица за понатамошна постапка.

најчитано сега