Двајца возачи повредени во директен судар кај Камењане

Вчера во 15,45 часот на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, кај с.Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(1989) од с.Горно Седларце и „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Р.(1978) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И., кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Тетово е пренесен во УЦ-Скопје, а со телесни повреди се здобил Ј.Р., кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Тетово е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица Тетово.

 
 
23.04.2016 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега