Пандов: Огромен интерес за вечерашниот собир на ГДОМ, тие што не успеаја да допатуваат ќе ги посетиме во периодот што следи
Благодарност за огромниот интерес на граѓаните за вечерашниот масовен и мирен народен собир на ГДОМ, напиша аналитичарот Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

-Моите информации говорат дека масовно луѓе се организираат од сите градови на државата да допатуваат на граѓанскиот собир, стари и млади, од сите народности и вероисповести. Има и многу кои не успеале да обезбедат превоз. На истите им порачувам да бидат спокојни, ГДОМ ќе допатува и во нивните градови во периодот што следи, сите обединети околу една идеја и со една цел Одбрана на Македонија. Избори на 5-ти јуни, за да се слушне гласот на народот, напиша Пандов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа