Божиновски екстрадиран во Македонија

 

Зоран Божиновски, сопственикот на интернет порталот „Буре весник“, денес и е испорачан на Македонија која го бара поради здружување во криминална група, шпионирање и уцена, дознава Танјуг, пренесува Политика.рс.

bozinovski zoran

Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски по одлуката на судот дека се исполнети условите за негово испорачување.

Имено, Божиновски е обвинет во случајот „Шпион“, предмет кој специјалната обвинителка Катица Јанева го побара со намера да го спаси од затворска казна.  Тој е еден од 22 лица кои се осомничени и обвинети во акцијата Шпион, за изнуда и рекет. Божиновски кој се водел под името “Луди Милојко”. Во делото тој се сомничи дека преку закани и уцени изнудувал пари од бизнисмени и видни личности.

Божиновски воедно е и лицето кое ги објавуваше аудио снимките добиени од Захир Бекири Чауш преку посредник од СДСМ.

Сведоци во судскиот случај детално на рочиштата објаснуваа како Божиновски им барал пари за да не објавува наводни афери поврзани со нив, константно вршејќи притисок преку испраќање на електронски и СМС пораки дека ќе ги објави наводните афери на неговиот портал „Буре весник“.

 
 
21.04.2016 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега