Подгответе се за невреме попладне - УХМР најавува пороен дожд, град и грмежи

 

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска во попладневните часови во одредени делови на земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат пообилни проследени со силен ветер, силни електрични празнења и изолирана појава на град.

Кон крајот на денот и во ноќните часови, во југоисточните делови од земјата се очекува локално невреме, а наместа врнежите ќе надминат 25 литри на метар квадратен.

Во Скопје и околината попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд со грмежи и засилување на ветерот.  Температурата во 11 часот изнесуваше 28, а се очекува да достигне до 33 степени

најчитано сега