Истражување на РСБСП за навиките и проблемите на велосипедистите во Скопје
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата РСБСП започна анкетно истражување за велосипедистите со кое треба да се утврдат навиките, прашањата и проблемите на велосипедистите во Скопје.
Како што соопшти РСБСП, идејата е преку ова истражување да се утврди колку често и за кои цели во Скопје се употребува велосипед, како и кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се променат.
Анкетата ќе трае три недели и може да се види и пополни на фејсбук страницата на Советот на посочениот линк. По завршувањето на анализата, резултатите ќе бидат соопштени на јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа