Шоjбле: Не можемe на Грција да и дадеме нови кредити, ако не знаеме дека ќе ги врати
Германија не може да и даде нови кредити на Грција ако не знае дека тие ќе бидат вратени, изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, во интервју за грчкиот весник „Вима“.
Шојбле за весникот истакнува дека верува во сегашната влада на Грција и искажа надеж дека таа и натаму ќе ја има неопходната општествена поддршка за широките промени што во моментов се вршат во земјата.
Германскиот министер за финансии предупредува дека реформите што се бараат од Грција, се услов за добивање на траншите од кредитот, што земјата го добива во рамки на спасувачкиот пакет помош на ЕУ и ММФ.
-Оние, меѓутоа, кои очекуваат олеснување на условите за кредитирање за Грција си потхрануваат илузии, додаде Шојбле. Тој, на крајот од интервјуто, подвлекува дека за него реформите во Грција се клучот за продолжување на финансирањето на земјата.