Куманово: Со боксови ја терал да го остави сопругот и да се омажи за него

Со боксови и клоци, кумановец присилувал 41 годишна сораѓанка да го напушти сопругот и децата за да се омажи со него, јавува Курир. Вчера кумановската полиција добила пријава од исплашената жена откако во четвртокот во вечерните часови, според пријавата, жената преживеала вистински хорор. 

Откако и завршило работното време, жената влегла во својот автомобил за да си оди дома. По пат, забележала дека ја следи возило марка Ауди, по што била принудена да застане. 

- Двајцата излегле пред возилата, по што пријавениот ја натерал да влезе во неговото возило, со кое се движеле по градските улици, а во еден момент истиот физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по лицето и телото, нанесувајќи и скршеница на носот и модринки на очите и телото, информираат од полицијата.

За да се спаси, жената му ветила на насилникот дека повторно ќе се сретнат, по што овој ја пуштил дома заканувајќи и се да не пријавува во полиција. 

Според неофицијалните информации, тој од неа барал да го остави сопруго и децата за да се омажи со него. 

Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на случајот

најчитано сега