ВИДЕО: Отишла во тоалет, пронашла тигар во него

Жената која што го посетила циркусот во Салин во Канзас, имала блиска средба со тигар на неверојатно место - во тоалетот.

Големата мачка накратко побегнала од своите чувари по претставата во циркусот Ајзис Шрајн. Брзо се затвориле сите премини во женското веце и таму тигарот бил затворен. Таму се упатила и Џена Кребил жената која што за прв пат била во посета на циркус. 

„Не очекував дека во тоалетот ќе видам тигар. Тој доаѓаше право кон мене“, изјавила Џена за локалните медиуми. 

Таа додала дека и покрај тоа што животното се наоѓало на само еден метар од неа, таа мирно и тивко успеала да излезе од тоалетот. Тигарот е фатен неколку минути потоа и вратен во кафезот. Џена изјавила дека не планира повторно да доаѓа во циркус, барем не во блиска иднина.

најчитано сега