Индија: 25 пијани момчиња силувале 4 малолетнички

Група од 25 пијани момчиња упаднала во еден христијански колеџ во Индија и силувале четири девојчиња, кои во тешка состојба се згрижени во болница, пренесува денеска индискиот печат.

Девојчињата, на возраст меѓу 12 и 15 години, биле во спалните на интернатот во областа Пакур, кога во нив упаднале момчињата вооружени со ножеви и мачети, пренесува „Тајмс оф Индија“.

Насилниците девојчињата ги одвлекле во блиската шума каде два часа ги силувале и тепале.

Ученичките се сместени во болница во многу тешка состојба, со внатрешни повреди, соопштија медицински извори.

Ова е најновиот од серијата случаи на брутали силувања во Индија. Претходно, вчера, суд во централна Индија осуди шестмина мажи на доживотен затвор за групно силување и разбојништво врз 39-годишна Швајцарка, која во Индија била на одмор, соопштија локалните медиуми. 

најчитано сега