Затворен 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“

 

Со доделување на наградите за најдобра машка и женска улога, за најдобар режисер, најдобра претстава и специјалната награда за  сценско визуелна слика на синоќа свечено беше затворен годинешниот 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“.

Наградата за најдобра женска улога „теракотна статуетка афродита“ и припадна на актерката Назан Јатгип за улогата на Мирина во претставата „Лисистрата“ на Градскиот театар од Истанбул.

Наградата за најдобра машка улога на фестивалот жири комисијата одлучи да му припадне на актерот Диме Илиев за улога во претставата „Евридика“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

На овој фестивал наградата за најдобар режисер ја доби режисерот Никола Завишиќ за претставата „Жени во народното собрание“ во изведба  на Народниот театар од Суботица,која се закити и со наградата за најдобра претстава на фестивалот.

На фестивалот беше доделена и специјална награда за  сценско визуелна слика на фестивалот, која му припадна на Градскиот театар од Истанбул кој во Стоби премиерно ја изведе „Лисистрата“, за одличниот визуелен ефект песните и игрите и костимите  во претставата.

На свеченото затворање на фестивалот синоќа во амфитеатарот во Стоби Турскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Шекспир во приказни“ во режија и кореографија на Кери К.Невзати.

најчитано сега