Автобус удрил во запален камион - 30 мртви

Најмалку 30 патнции загинаа на југот од Авганистан, кога автобус удри во запален камион кој го нападнале талибанските бунтовници. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд, Омар Завак, истакнал дека камионот бил запален од талибанци. Тој бил оставен да гори сред улица кога на него удрил автобус кој не успеал да застане навремено. Несреќата се случила на 50 километри од провинцијата на престолнината Хелманд. Според Завак, во денешната несреќа покрај 30 загинати, повредени се 11 патници, а меѓу настраданите има и деца. 

најчитано сега