Јакимовски: Изненадени сме од одлуката на Иванов

 Лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција истакна дека како партија се изненадени од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.

- Запрепастувачки е што оваа одлука се носи во моментот кога имаме нефункционална техничка влада, распуштен Парламент, а со ваквата одлука Претседателот ја загрозува единствената институција од витално значење. Очигледно е дека некој извршил, огромен притисок врз Претседателот на државата за тој да донесе ваква одлука. Дилемата е дали притисокот врз Иванов се извршил од „чадорот’’, откако увидоа дека Зоран Заев не е вистинскиот избор за спроведување на нивното сценарио?, праша Јакимовски. 

Според Јакимовски, со одлуката претседателот Иванов ги прогласил политичарите за граѓани од прв ред. Од ГРОМ сметаат дека секој што направил криминал без оглед дали е од власта или од опозицијата треба да одговара за своите постапки. 

 
 
13.04.2016 - 14:17
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега